Македонската машка репрезентација славеше над Романија со 20-24 среде Букурешт во финалниот натпревар од „Трофеј Карпати“.
Покрај големиот пехар за најдобрата репрезентација на турнирот, нашите ракометари им ги собраа на Романците и индивидуалните признанија.
Никола Митревски покажа најмногу кога се работи за голманите и без дилеми беше прогласен за најдобар голман, додека Марио Танкоски покажа дека сериозно може да се смета на неговите услуги за ЕП.
Македонската експедиција веднаш тргнува на пат кон Македонија и утре селекторот Данило Брестовац ќе го соопшти конечниот список на патници за ЕП.