Покрај многубројните навивачи што од Македонија ќе заминат да и дадат поддршка на машката репрезентација за време на Европското првенство во Австрија, нема да изостане поддршка и од Македонците што живеат во оваа држава.
Една од најлојалните навивачки групи на нашите клубови и национални тимови е „Фаланга Виена“, која што сега ќе има шанса на домашен терен да ја бодри ракометната репрезентација. Натпреварите на ЕП би требало да бидат проследени од сите нивни членови, а познато е местото каде што ќе биде збирно пред стартот на дуелите.
Ресторанот „Килис“, кој се наоѓа на десетина минути од салата „Виенер Штадхале“ ќе биде базата на македонските навивачи од Виена, а во скоро време би требало и Ракометната федерација да открие кое место ќе биде базата на навивачите што ќе заминат за австриската престолнина од Македонија.
Доколку тоа биде во близина на претходно споменатиот ресторан, сите навивачи ќе се обединат, па сигурно ќе биде уште поубаво во пресрет на натпреварите.