ЕУРО 2020: Франција и Норвешка фаворити, но…

На прагот сме на уште една голема ракометна смотра во организација на трите држави – Шведска, Австрија и Норвешка. Ја анализирам групата Д во која играат репрезентациите на Франција , Норвешка , Поругалија и Босна и Херцеговина. Навидум група не многу атрактивна по имиња но изедначена по квалитет и сигурно дека сите репрезентации, па и БиХ како една од „аутсајдер“ репрезентација ако може така да се каже ќе ја бара шансата за пласман во завршницата на ова ЕП. Франција и Норвешка како едни од репрезентациите со најзабележителен пласнам на последните неколку европски и светски првенства, освојувачи на медали и финалисти на Светското првенство во Франција 2017 ќе бидат благи фаворити пред Португалија за која сметам дека го има најголемиот континуиран прогрес во последните години од останатите репрезентации, расадник на многу млади таленти и редовен уцесник во завршниците на младинските големи натпреварувања, како и пред репрезентацијата на БиХ која некако во сенка ќе ја чека шансата за некој добар резултат. Според нив и самиот пласман на Европското првенство е голем успех за нивната репрезентација.

ФРАНЦИЈА

За разлика од последното Светско првенство, а посебно за групата за која анализирам репрезентациите доаѓаат со проверени играчи, нема класично подмладување, туку систематско промовирање на некои играчи од младинските категории кои веќе го најдоа своето место во сениорскиот состав на секоја од репрезентациите посебно. Франција и селекторот Дидие Динар ке одат со веќе проверени и докажани сили, Никола Карабатиќ и Седрик Сорендо, како и Лук Абало се последните останати играчи од славната генерација на прославените „експерти“ што освоија се што можеше да освои во последната декада. Тие ќе ја предводат новата генерација со веке докажаните Дика Мем, Ремили, Ричардсон. Според мене големо освежување е средниот бек на француски Екс, Николас Клер, играч кој ќе донесе многу во нападот на Франција, играч кој игра во двата правци и веќе докажан играч од кој може да се очекува да ја преземе одговорноста во некои моменти. Елохин Пранди е новото име на Динар во составот и можеби малку изнењадување бидејки е едниствениот лев бек на таа позиција, но самиот факт дека ПСЖ го обезбеди неговиот потпис се работи за екстра млад играч. Лука Карабатиќ и Кентан Мае нема да бидат во комбинација за ова натпреварување, но и ваква една Франција секогаш ке биде кандидат за висок пласман и освојување на едно од три први места. Франција е репрезентација која ретко се одлучува на менување на селекторското место. Тоа се покажа како успешно, довербата која ја имаат во Дидие Динар му дава за право да има уште поголем мотив за работа, го наследи истиот систем од неговиот претходник и успешно чекори кон продолжување на традицијата на освојување на медали. Како играч беше еден од најдобрите дефанзивци и нормално дека ја форсира таа агресивна 6-0 одбрана како и 5-1, која е карактеристична за францускиот систем трансформирајќи се во брз контра напрад со лесни голови. Франција е позната како репрезентација која негува ист систем во напад во сите нивни категории , затоа нивниот процесс на прилагодување е полесен кога младите играчи ќе стигнат до сениорскиот состав, нема многу комбинаторика, играат едноставен ракомет со многу идивидуален контакт еден на еден, во зависност од профилот кој го имаат сега подготвуваат доста шанси за надворешната линија, мислам на чист отворен шут и задолжителна комуникација со пивот. Имаат одлични крила кои секогаш ги користат во завршницата од нападот. Генерално атрактивен едноставен но и ефикасен ракомет. Франција е позната по тоа што е доста агресивна и со многу контакт игра. Низ таа агресивност форсира брза транзиција во контра и полу контра што резултира со лесни голови. На голот го имаат Венсан Жерар кој е неприкосновен број еден во моментот но и останатите два голмани кои Динар ги води не се со послаб квалитет. Франција го има искуството на Карабатиќ, Жерар и според мене заедно со Ремили ако биде комплетно спремен, заедно со претходното дуо може да ја водат нивната репрезентација до завршницата.

НОРВЕШКА

Норвешка во последните неколку години покажа како промената на генерациите може да биде продуктивна и не само што имаат континуитет на големите натпреварувања туку и атакуваат на местата со највисок пласман. Финалето на Светското првенство во Франција беше најголемиот нивни тест за оваа генерација предводена од се уште не заменливиот Мирхол, пивотот кој се уште игра на највисоко ниво, О’Саливен и плејадата млади играчи како Сагосен, Род, Јондал кои веќе се докажани на меѓународна сцена. Тоа е микс на играчи од домашното првенство и Бундес лигата, успешен рецепт за тоа како се поставуваат темели на долгорочен систем со акцент на атакаување на највисок пласман. Норвешка го има Кристијан Берге, екс нивни репрезентативец со големо играчко меѓународно искуство и со самото негово ангажирање се покажа како полн погодок. Берге не го ни помина процесот на прилагодување, а веќе играше финале со својата репрезентација. Негуваат типичен скандинавски ракомет со многу физичка спремност и не многу комплицирање во нивната игра, многу едноставност и брзи решенија се одлика на неговиот систем на работа. Норвешка , типична скандинавска репрезентација, не се разликува многу од начинот на игра од Данска, Шведска, а тука мислам на беспрекорната техничка подготвеност, прецизни додавања и речиси технички грешки сведени на минимум што е предуслов за добар и ефикасен напад. Норвешка има одличен среден бек Сагосен кој е три во едно играч, има одлична игра еден на еден, супер комуникација со пивот и многу добар осет за додавањ. Имаат моќна бековска линија, бекови за кои девет метри е речиси чиста ситуација, мислам дека Норвешка има перфектен напад во кој секој си ја знае своата задача во секој момент. Одлична можност да се научат многу нови работи. Норвешка го има истиот систем како и Франција во одбрана, нивните предиспозиции одговараат на стилот кој го наведов, брзи се физички еxтра спремни и агресивни посебно 3 и 4 играчите во одбрана според мене насилната нивна карика, лесно се трансформираат и шансата за лесен гол е секогаш присутна. Норвешка стандардно добра на голманската позиција, се сеќаваме на последниот одбранет пенал во полуфиналето на СП во Франција за влез во финале, па огромна ќе биде предноста кај голманите на ова првенство. Норвешка со Род, О’Саливен и Мирхол ќе треба да го потврди добриот резултат во изминатите години и иако изгледаат како компактна и колективна екипа, многу работи ќе зависат од овие играчи.

ПОРТУГАЛИЈА

Португалија е репрезентација со најголем прогресс или напредок во последните година две, долго време ја градеа оваа репрезентација и секогаш беа многу блиску до пласман на некои од првенствата но тоа како да бесе максимумот, денес е тоа состав кој може да парира и на најдобрите репрезентации. Дуарте е нивниот најпознат и најдобар во моментот нивни играч кој поради повреда нема да игра на ЕП. Тоа хендикеп за нив нотој не е заменлив. Порто, Бенфика и Спортинг го даваат најдоброто во моментот за оваа репрезентација, го имаат искуството од Лигата на шампионите, негуваат атрактивен и брз ракомет и не се слуцајно на ова натпреварување. Сакам да напоменам дека во составот е и Серхио Барош, играч кој своевремено беше во Еурофарм и кој уште тогаш покажа дека е голем потенцијал, а денес тоа го потврди како стандарден репрезентативец на Португалија. Никако не смее да се потцени овој состав, верувам во изненадување. Поругалија неколку години решението за селектоското место го бараше во странски тренери, за да на крајот довербата ја добие Пауло Переира, релативно млад тренер кој работното искуство го имаше во женскиот ракомет (селектор на неколку женски репрезентации) секако и како тренер на Порто. Засега е тоа успешна приказна која има резултат, вербата во својата работа и мксимумот кој го вади од секој играч е рецептот на успешност на овој тренер со националниот состав на Португалија. Негуваат еден модерен ракомет, можеби малку наликува на шпанскиот ситем, но нешто што е многу интересно е дека се многу дисциплинирани посебно во нападот, работат многу за крилата И пивотите кои се нивната послина страна , сто знаци подолг напад со многу повратни топки и завршница на предната линија што ја наведов. Можеби зачудувачки, но и Португалија е една од репрезентацијата која го следи трендот на добра одбрана, физички се одлично спремни, сакаат контакт дуел игра. Не комплицираат ниту експериментираат многу со изборот на одбрани , 6-0 и 5-1 воглавно се одбраните кои ги играат, но карактеристицно што и двете одбрани ги модифициираа, па играат подлабоко од нормалните зони бидејки и имаат предиспозиции за тоа брзи се, лесно доаѓаат до таа контакт игра. Португалија го има статистички еден од најдобрите голмани во Лигата на шампионите, Алфредо Кинтана, голман кој може да го реши натпреварот. Има одличен стил и покажа дека може сериозно да се смета на него. Верувам дека ќе биде еден од изненадувањата на ова првенство. Тука се и бекот Кавалканти, соиграч на Лазаров во Нант и пивотот Роча, се играчи кои можат на направат разлика и да донесат добар резултат за Португалија, но ќе зависи и од поддршката на останатите, како и  мометалната форма.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

БиХ со проверени сили, играчи кои долго време го носат дресот на својата држава но и играчи кои играаат на највисоко ниво во моментот – Терзиќ Мирдсад, Никола Прце. Сепак мислам дека нивната предност е во голманите. Буриц Бењамин, голманот на Фленсбург ќе биде последната пречка пред голот и сигурно голема сатисфакција на репрезентацијата заедно со искуството кое го напоменав ќе бидат тврд противник за сите во групата бидејќи играат без некој голем притисок, растоварени од разултатската важност. Билал Шуман е познато ракометно име на овие простори, некогашен играч на Пелистер, кој долго време во Данска ја градеше тренерската кариера, а Колдинг беше неговата база. Од неговото доаѓање за местото селектор почнаа и успесите на Босна како и пласманите на големите натпреварувања. Тој е голем професионалец кој е 100 % во работата, познато е е дека ги плаќаше и авионските трошоци за своите играчи само да одиграат натпревар, доказ дека сакаше на секаков начин да и помогне на својата репрезентација и на крајот даде со плод. Верувам во Билал дека ќе биде на нивото на останатие колеги и дека ќе може да добие една од репрезентациите во групата. Босна е типична балканска школа на ракомет, иако Билал полека сака да го воведе тој скандинавски начин на игра. Нападот се базира на многу ако може така да се каже надмудрување со противникот, балканскиот начин на игра им овозможува повеќе комбинаторика, опасност од сите позиции, не ослонувајќи се само на една линија. Искуството на Прце и Терзиќ ке биде пресудно за нив, имаат добри пивоти и главно ќе се базираат на завршница преку нивната најсилна алка, а тоа се крилата и пивотите. Босна освен горе споменатите одбрани може да да ја форсира 3-2-1 одбраната која е карактеристична за балаканскиот систем. Таа може да биде многу ефикасна, ако знаеме дека ако е добро уиграна истата и тешко се разбива, но не верувам дека ќе останат само на една одбрана. Како и сите репрезентации, ќе бидат спремни да одгворат на сите одбранбени формации. Голманот Буриќ ќе биде важен за својата репрезентација, сигурен сум дека ќе ја води Босна и ќе дава максимална подршка на своите соиграчи. Босна шансата за добар резултат ќе ја бара преку Буриќ нивната најсилна страна според мене и во искуството на Терзиќ и Прце.

*Иван Марковски е поранешен македонски репрезентативец со богата играчка кариера и големо меѓународно искуство. Покрај за Вардар, Пелистер и Металург, играше за хрватските Метковиќ Јамбо и Загреб, италијанскиот Трст, шпанскиот Арагон…а сега успешно гради тренерска кариера. Започна во тогашниот ХЈС Работник, а сега е тренер на женскиот француски второлигаш Ле Самбр Авенуа.