Червар ми кажа дека нема да oдам на ЕП затоа што играм во Втора лига

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, одбра тројца голмани пред настапот на Европското првенство, а во комбинација останаа Марин Шего, Матеј Ашанин и Мате Шуњиќ. Отпадна голманот на Нексе, Морено Цар.

Но тоа што на списокот од 28 играчи ги немаше ниту Иван Пешиќ, ниту Филип Ивиќ, предизвика лавина реакции во јавноста. Ивиќ настапува за Гумерсбах во Втората Бундес лига, но очигледно добрите настапи таму сепак не му се препорака за националниот дрес.

„Разговарав со селекторот. Тој ми кажа дека ќе има уште многу натпреварувања и дека морам да се помирам со таа одлука, иако не ми е лесно. Искрено, очекував дека ќе бидам барем на поширокиот список, со оглед на тоа што бранев одлично минатата година, дури и кога го немаше Шего, но така е како што е. Едно е сигурно, Хрватска има добри голмани и тоа ќе се види на ЕП. Нема причина за нервози, мислам дека сум на добро место, каде што треба да бидам. Лигата е Втора, но во неа има многу силни натпревари. Немав избор освен да ја прифатам понудата од Гумерсбах. Можам да кажам по неколку месеци дека не погрешив. Не беше лесно на почетокот, ниту добро, но сега е се подобро, имам минутажа. Договорот ми е до крајот на сезоната, се надевам дека ќе влеземе во Бундес лигата, иако тука нема гаранција за такво нешто. Сепак би сакал да играм во клуб од Лигата на шампионите. Ќе видиме“, изјави Ивиќ за хрватските медиуми.

Хрватска на ЕП ќе игра во групата А во Грац, заедно со селекциите на Србија, Црна Гора и Белорусија.