Во Групата 2 од Првата машка лига има уште едно слободно место за пласман во плеј-офот.
Составите на ГРК Тиквеш, КЛ 7 и Младост Богданци дефинитивно имаат место во разигрувањето за пласман во Супер лигата, но затоа составите на РК Аеродром, Јехона и Преспа до крај ќе имаат надежи дека можат да го затворат списокот.
Овој список може да биде затворен уште во 13. коло, но можно е и до крај да има неизвесност така што уште не е ништо готово во оваа група за 4. позиција и напролет ќе биде доста интересно.