Машката сениорска репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
Селекторот Данило Брестовац работи на тренинзите со 18 ракометари од оние 20 на списокот, а тимот ќе се комплетира дури утре пред патувањето за Србија.
Дарко Димитриевски и Костадин Петров имаа натпревар во петокот во Копа дел Реј, а поради лошите авионски конекции со Македонија, доаѓаат дури доцна вечерва.
Тие ќе му се придружат на останатиот дел од тимот утре кога репрезентацијата ќе замине за Стара Пазова, каде што ќе се играат двете пријателски средби со селекцијата на Кувајт.
Од Србија, нашиот национален тим заминува за Романија, каде што ќе настапи на „Трофеј Карпати“, а на 30 декември следува враќање во Македонија.