Стартува мисијата ЕП 2020, на почетокот без главните ѕвезди

Машката сениорска репрезентација на Македонија од денеска стартува со подготовките во мисијата Европско првенство, но првата етапа ќе биде одработена за настапот на Трофеј „Карпати“ следниот викенд.

Вкупно 20 ракометари ќе бидат во конкуренција прво за натпреварите против Кувајт на 25 и 26 декември во Стара Пазова, а потоа и за двата дуели кои ќе бидат одиграни во Букурешт. Таму на 28 декември ќе се одмерат силите со Алжир, а потоа во зависност од епилогот следниот ден ќе се игра против Романија или Холандија.

Собирот денеска ќе биде во Хотелот „Александар Палас“ во 13 часот, а потоа ќе следува и првиот тренинг така што дефинитивно почнуваат активностите.

Репрезентацијата ќе се комплетира на почетокот на 2020 година кога ракометарите заминуваат за Словенија каде ќе имаат контролни средби.

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ТРОФЕЈ „КАРПАТИ“

ГОЛМАНИ: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Марко Кизиќ (Вардар)

ЛЕВИ КРИЛА: Бојан Маџовски (Еурофарм Пелистер), Димитар Димитриоски (Вардар)

ЛЕВИ БЕКОВИ: Велко Маркоски (Металург), Мартин Манасков (Охрид), Дејан Кукуловски (Вардар), Дарко Георгиевски (Анжер, Франција), Дарко Димитриевски (Синфин, Шпанија)

СРЕДНИ БЕКОВИ: Марио Танкоски (Металург), Марко Мишевски (Гренобл, Франција), Горан Крстевски (Линц, Австрија).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Томислав Јагуриновски (Металург)

ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски (Пролет 62), Ненад Костески (ППД Загреб, Хрватска))

ПИКЕРИ: Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Костадин Петров (Гвадалахара, Шпанија), Михаил Аларов (Пролет 62).