Екипата од Струмица продолжува со сигурните игри на свој терен, во 12. коло од групата 1 во Првата лига оствари лесна победа над екипата на Куманово со 32:25. Со оваа победа Астраион останува на првата позиција на табелата.
Струмичани имаа супериорно прво полувреме, резултатот беше израмнет до 4:4 а до крајот на првиот дел сè беше на нивната страна. Астраион направи серија од 7:0 што им овозможи на полувреме да имаат водство од 17:7. Тука веќе беше познат победникот, а во второто полувреме Куманово немаше сили да се врати во натпреварот и само успеа да го ублажи поразот.
Најефикасен во екипата на Астраион беше Митко Караиванов со осум постигнати гола, по четити гола постигнаа Иванче Ончев и Васко Наков. Во поразената екипа на Куманово, Цветковски со девет гола беше најдобар во својот тим, а Денковски погоди шест пати.
АСТРАИОН – КУМАНОВО 32:25 (17:7)
Сала: Парк во Струмица. Гледачи: 200. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делгат: Игор Огненов од Битола.
АСТРАИОН: Димовски, Караиванов 8, Наков 6, Котевски 2, Велков 2, Кавазов 3, Перовановиќ, Катранџиев 2, Спасов 1, Гоџиров, Касапов 3, Димитриев, Кочев 1, Ефтиов 1, Ончев 4, Ринов 1.
Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 мин.
КУМАНОВО: Колевски 2, Димитров, Кузмановски, Денковски 6, Цветковски 9, Петрушевски, Цветковски, Димитриевски, Ивановски 2, Ацевски 1, Кимевски 1, Стошиќ 4, Стојмановски, Даневски, Попоски.
Седмерци: 2/3. Исклучувања: 10 мин.