Листа на стрелци: Илиев даде 19 гола и го врати првото место

Ракометарот на Радовиш кој во последните две сезони доминира кај стрелците во Супер машката лига, Ивица Илиев со 19-те гола постигнати на дуелот против Металург 2 успеа да го врати првото место на Листата на стрелците.

Илиев успеа заостануваше зад Палевски, но после 5. коло има четири гола предност со кои е лидер на листата и до следните средби ќе ги предводи најдобрите стрелци. Палевски е близу до него, а Џонов веќе има солидно заостанување.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (5. КОЛО)

58 – Ивица Илиев (Радовиш)

54 – Давор Палевски (Работнички)

39 – Иван Џонов (Пролет 62)

33 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

31 – Филип Николов (Радовиш)

30 – Бобан Блажески (Охрид)

29 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

28 – Ласко Андоновски (Пролет 62)

28 – Дарио Кофилоски (Металург 2)

26 – Сергии Сулима (Работнички)

26 – Цветан Кузмановски (Струга)