Дејвис: Во Битола мора да победиме, дури и да биде многу тешко!

По дуелите од третото коло во Лигата на шампионите, дел од екипите се враќаат на обврските во регионалната СЕХА лига. Веспрем по поразот од Монпелје доаѓа на гостување во Битола кај Еурофарм Работник. Стратегот Давид Дејвис вели дека само победа е опција.

„Еурофарм исто како и ние, нема пораз во СЕХА, но мислам дека нема да биде така уште долго. Доживеавме два тешки порази во Лигата на шампионите, но сепак ова е само почеток на сезоната. Нормално е да има добри и лоши периоди. Во Битола мораме да победиме, дури и да биде многу тешко“, изјави Шпанецот.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Веспрем се игра в среда со почеток во 17:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.