69 играчи од Лига Европа играат на СП – меѓу нив и шестмина од Еурофарм Пелистер

Лига Европа или второрангираното клупско натпреварување на ЕХФ станува се поактуелно за репрезентативците. Покрај 120-те играчи кои играат во Лигата на шампионите – 69 играчи од Лига Европа се на Светското првенство во Полска и во Шведска.

Овие 69 играчи настапуваат во 17 клубови – што со играчите од Лигата на шампионите даваат бројка од 189 играчи во двете врвни натпреварувања. Светскиот првак Данска има по 9 играчи од двете натпреварувања.

Најмногу играчи од екипите од Лига Европа има бундеслигашот Фленсбург – вкупно 10. Потоа следуваат уште една екипа од Бундес лигата Фуксе Берлин и францускиот Монпелје, како и македонскиот тим Еурофарм Пелистер со 6 репрезентативци (4 Македонија и по 1 од Црна Гора и Словенија).

Тоа се браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Ненад Костески и Жарко Пешевски за Македонија, Урбан Лесјак за Словенија и Мирко Радовиќ за Црна Гора.

Интересно е дека шпанските екипи Бенидром и Гранољерс имаат играчи кои не се од европските репрезентации, а Ирун и Гепинген имаат по три играчи, но ниту еден од матичната држава.

Фленсбург – 10 играчи 5 репрезентации

Фуксе Берлин – 8 играчи 5 репрезентации

Монпелје – 7 играчи 3 репрезентации

Еурофарм Пелистер – 6 играчи 3 репрезентации

ПАУК – 5 играчи 4 репрезентации

Спортинг – 5 играчи 3 репрезентации

Бенфика – 5 играчи 3 репрезентации

Нексе – 4 играчи 3 репрезентации

Бенидром – 4 играчи 2 репрезентации

Гепинген – 3 играчи 3 репрезентации

Бидасоа – 3 репрезентации

ФТЦ – 3 играчи 1 репрезентација

Гранољерс – 2 играчи 2 репрезентации

Балатонфуреди, Кадетен Шафхаузен, Валур и Мотор – 1 играч

Без ниту еден играч репрезентативец се екипите: Истадс, Татран Прешов, Архус, Алпла, Веспрем КФТ, Агуас Сантас Миланеза.

Данска која е актуелен светски првак е на врвот со девет играчи и тоа две бундеслигашки екипи – Фленсбург (6) и Фуксе Берлин (3), кои се и водечки во своите групи. Португалија е второрангирана, пред се на репрезентативците кои играат во Бенфика и во Спортинг.

Прва неевропска репрезентација е Аргентина со 5 играчи, колку што има и олимпискиот првак Франција.

Данска – 9 играчи 2 екипи Лига Европа

Португалија – 6 играчи 3 екипи Лига Европа

Аргентина и Франција – 5 играчи 2 екипи Лига Европа

Црна Гора – 4 играчи 4 екипи Лига Европа

Србија – 4 играчи 3 екипи Лига Европа

Унгарија – 4 играчи 2 екипи Лига Европа

Македонија – 4 играчи 1 екипа Лига Европа

Шведска, Исланд, Бразил – 3 играчи 3 екипи Лига Европа

Хрватска, Норвешка – 3 играчи 2 екипи Лига Европа

Германија, Чиле, Полска, Словенија – 2 играчи 2 екипи Лига Европа

Шпанија, Зеленортска република – 2 играчи 1 екипа Лига Европа