📸Глигоров му донесе трофеј на Кастриоти

Македонскиот стратег Владимир Глигиров заедно со тимот на Кастриоти го освоија трофејот во Купот на Косово.

Кастриоти за Куп трофејот се бореше против најтрофејниот косовски клуб, тимот на Беса Фамгас.

Составот предводен од Глигоров успеа да го надира ривалот, триумфирајќи со два гола разлика, 34:32.

За Кастриоти ова е 6-ти трофеј во клупската историја, последниот го имаше освоено во 2019 година.