📷 Македонија ги започна подготовките за двомечот со Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред квалификацискиот двомеч против Шпанија за место на ЕП 2024 година.

Селекторот Кристијан Грчевски за двомечот против „црвената фурија“ смета на 20 ракометарки, меѓу нив се и искусните Елена Ѓорѓиевска, Сара Ристовска, Јована Саздовска…

По двете победи над Азербејџан и Литванија, Македонија практично е пласирана на Европското првенство, а сега во Шпанија ќе се бори за првото место во групата.

Првиот меч со Шпанија е на 29 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот, додека реваншот е на 3 март во Ланцароте од 17:00 часот.