🎥Атракцијата на Димитриоски во ТОП 10 голови на колото во Асобал лигата

Шпанскиот Ваљадолид, во кој настапуваат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, во 18. коло од Асобал лигата за ривал го имаше тимот на Бидасоа.

Ваљадолид пружи силен отпор против Бидасоа, но на крај остана без бодови, откако загуби со 35:33.

Прилепчанецот Димитриоски против Бидасоа постигна атрактивен гол и неговата атракција се најде меѓу најдобрите десет голови од 18. коло во најсилното натпреварување во Шпанија.

Добрите настапи на Димитриоски му овозможија и продолжување на соработката со шпанскиот тим, па така левото крило во Асобал лигата ќе игра најмалку уште една година.

 

🎥 Мајстор за цепелини – нова атракција на Димитриоски во Асобал лигата