🎥 Андоновски е херојот на Трст – со гол во последната секунда донесе важна победа!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски игра во одлична форма во италијанскиот шампионат.

Охриѓанецот со тимот на Трст во натпревар од 15. коло од најсилното натпреварување во Италија дојдоа до сензационална победа над второпласираниот Меран од 21:20.

Победничкиот гол на Трст беше токму дело на Андоновски, кој во последната секунда успеа да донесе голема радост за домашната публика.

Левиот бек беше незапирлив на теренот, постигна шест погодоци и одигра на високо ниво и во одбраната.

Трст со освоената победа си го зголеми бодовното салдо, сега има осум бода на свое конто и моментално се наоѓа на 11. позиција, но има големи шанси да избори пласман меѓу најдобрите осум екипи.