Јуниор КВ од почеток до крај во еден ритам за куп победа над Драчево

Во дуел меѓу тимовите на Јуниор Кисела вода и Драчево во Купот на Македонија до победа стигна екипата која е дел од плеј-аут групата од Супер машката лига со 32:24.

После 1:1 на стартот Јуниор Кисела вода влезе во серија и брзо дојде до 6:1, а потоа оваа предност од пет гола ја зголемуваше до седум разлика. Неколкупати беше 6 или 7 гола во текот на првите 30 минути, а на полувреме се замина со 15:9.

Брзо на почетокот на вториот дел од средбата, Јуниор КВ стигна и до осум гола, 18:10 па во продолжение од средбата лесно се чуваше оваа предност која до крјот на мечот остана осум гола.

Јуниор влезе во осминафиналето од Купот на Македонија со резултат 32:24 така што немаше проблеми за суперлигашот од Скопје.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ДРАЧЕВО       32:24 (15:9)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Петковски, Крстевски, Трајковски, Бошковски, Крстевски 3, Манев 5, Пешкирски 3, Трајковски 3, Стојановски 4, Трајчевски 2, Барјактаревиќ 12.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

ДРАЧЕВО: Павловски, Ристовски, Димовски 3, Дабевски 7, Атанасовски, Петровски, Јаховиќ 4, Јовчевски, Андовски 4, Ангеловски, Соколовски, Тевдовски, Матовски 4, Николовски, Пејковски, Петковски 2.

Седмерци: 2/6, Исклучувања: 6 мин.