Јиха: Не се грижам дали моите играчи од Кил ќе бидат уморни пред средбата со Вардар!

На Европското првенство во Австрија, Норвешка и Данска, денеска стартуваат дуелите од главната рунда во првата група. Чешка игра против Шпанија во првиот меч, а него од трибините го следи и легендата на чешкиот ракомет, Филип Јиха, кој сега е трене рна Кил.

„Многу сум среќен што Чешка прикажува вакви игри, моите некогашни соиграчи на теренот делуваат како тим. Дефинитивно ова е голем успех за младиот тим на Чешка, имаме многу млади играчи што досега не играле на ваков шампионат“, изјави Јиха.

Тренерот на Кил по ЕП го очекуваат предизвици во Бундес лигата и во Лигата на шампионите. Прв дуел во ЛШ ќе биде на 5 февруари против Вардар.

„И сега ќе биде како и секоја година. Не ја губам енергијата да мислам на тоа. Ако тие дојдат подготвени, јас ќе почнам веднаш да работам со нив за дуелите со Хановер и Вардар. Не мислам сега дали ќе бидат уморни или повредени. Вардар ќе биде опасен со новиот тренер. Нов тренер носи и нова енергија“, вели Јиха.

Натпреварот меѓу Кил и Вардар се игра на 5 февруари.