Јиха за некогашниот соиграч: Ракометот ќе загуби многу кога Лазаров ќе реши да се пензионира

На Европското првенство во Австрија, Норвешка и Данска, денеска стартуваат дуелите од главната рунда во првата група. Чешка игра против Шпанија во првиот меч, а него од трибините го следи и легендата на чешкиот ракомет, Филип Јиха, кој сега е тренер на Кил.

Чешката репрезентација славеше над Македонија во групата, а за нашата селекција настапи некогашниот соиграч на Јиха, Кире Лазаров.

„Кога Кире Лазаров ќе реши да престане да игра ракомет, овој спорт ќе биде во голема загуба“, прокоментира Јиха.

Тој играше заедно со македонскиот капитен Кире Лазаров една сезона во Барселона, а десниот бек беше учесник на прошталниот натпревар на чешката легенда.