Јехона фаќа правец кон плеј-оф, Младост падна во Гостивар!

Ракометарите на Јехона славеа против Младост Богданци во интересен натпревар со 30-29 во 13 коло од Првата лига и направија крупен чекор кон местата што водат во плеј-оф.

Домашните поведоа со 4-1, имаа и 8-5, но гостите се вратија во игра и израмнија на 8-8, а на пауза се замина со нивно водство, 14-13.

Во второто полувреме Јехона ја презема контролата на терен, водеше на три пати со плус четири гола, но во финишот Младост ја стопи негативата и намали на 29-28.

Сепак Илиески погоди за 30-28, а до крајот гостите од Богданци само успеаја да намалат на 30-29, па бодовите останаа во Гостивар.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Виктор Марковиќ со десет и Мојсе Тасески со седум, додека кај Младост се истакна Ѓорѓе Атанасов со осум погодоци.

Јехона сега има 15 бода на делба на петтото место со Текстилец, додека Младост Богданци останува со 27 бода на второто место.