Ракометарките на Ѓорче Петров ќе се борат за место на завршниот турнир од Купот, откако го добија дерби дуелот против Чаир со убедливи 35-30. Чаир беше тимот што го диктираше темпото и резултатот на стартот. Најчесто водеше со еден гол, а еднаш имаше и плус три гола предност, 7-4.
Сепак Ѓорче Петров се разбуди, заигра посериозно и како одминуваше времето, така полека ја топеше негативата. Клучниот период беше во финишот на првиот дел, кога избраничките на Симе Симовски се одлепија на плус четири, 16-12, а до паузата го одржаа тоа водство, 18-14.
На стартот на второто полувреме погодија Дукоска и Ризоска за 20-14 и беше јасно дека Чаир тешко ќе може да се врати. Избраничките на Басри Латифи се трудеа и бореа, но одлична на голот на Ѓорче Петров беше Кицеска, која фати неколку топки во моментите кога Чаир пробуваше да се врати во игра.
До крајот предноста на домашните беше само рутински задржана и веќе немаше дилеми дека Ѓорче Петров ќе биде финалист во групата. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ангела Јанкуловска со седум и Теодора Дукоска со шест гола, додека десет за Чаир постигна Теодора Гулицоска.
Ривал за место на Ф4 во Купот на Македонија, на ланскиот финалист ќе му биде составот на Спартак кој направи изненадување против Скопје.
Куп на Македонија, жени, осминафинале:
Група 1
Скопје – Спартак 25-27
Ѓорче Петров – Чаир 35-30
19/3, 17:00, финале, Спартак – Ѓорче Петров
Група 2
Вардар – Шампион 32-18
Деспина – Кузман Вардар 35:16
19/3, 18:00, финале, Вардар – Деспина
Група 3
Стружанка – Астибо 27-19
Овче Поле СУ – Металург 25-31
19/3, 16:00, финале, Стружанка – Металург
Група 4
Пелистер – Гевгелија 26:17
19/3, 16:00, финале, Пелистер – Куманово