Јакобсен шокиран: Не го очекувавме ова…

Репрезентацијата на Македонија оствари голема победа против светскиот шампион Данска со 33:29. Данците очигледно беа изненадени од играта на нашата селекција после слабото издание на Мундијалот во Египет.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен после натпреварот имаше свое видување за претставата на своите ракометарите. Исто така нагласи дека ова е еден од најслабите натпревари на неговиот тим.

„Не се подготвувавме и не го очекувавме ова. Правевме премногу грешки во нападот и имавме многу нереализирани удари за денес да го добиеме овој натпревар. Имам многу меѓународни натпревари на кормилото на Данска и јасно е дека ова не беше еден од подобрите“, реча Јакобсен по натпреварот.

Ова беше прв натпревар за Данска после освојување на светската шампионска титула на кој одиграа непрепознатливо за разлика од Мундијалот и заслужено беа поразени. Возвратниот дуел се игра во недела во Данска.