Јакобсен се изјасни, ги извести ракометарите кои ќе ги води на Олимпијада

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен уште еднаш се најде на слатки маки бидејќи мораше да го одбере најдоброто од големиот број на ракометари кои му се во комбинација за секое големо натпреварување.

Тој ги соопшти имињата на оние кои ќе патуваат на островото Окинава на 14 јули каде што ќе биде последниот тренинг камп за ракометарите од оваа земја.

Нема никакви изненадувања така што сосема извесно е дека Данска и на овие Олимписки игри влегува со улогата на фаворит за освојување на медал.

Во составот имаше место за: Никлас Ландин, Магнус Ландин (Кил, Германија), Кевин Мелер (Барселона, Шпанија), Мортен Олсен, Матијас Гидсел (Гудме, Данска), Ласе Сван, Мадс Ларсен (Флензбург, Германија), Јохан Хансен (Хановер, Германија), Хенрик Тофт Хансен, Микел Хансен (ПСЖ, Франција), Магнус Саугструп, Хенрик Мелгард (Алборг, Данска), Јакоб Холм, Ласе Андерсон (Фуксе Берлин, Германија).

Олимписките игри почнуваат на 26 јули.