Ѓорѓески со одлична партија против Кечкемет, Будакалаш веднаш зад водечката тројка во Унгарија

Тимот на Будакалаш, каде што брани македонскиот голман Даниел Ѓорѓески, забележа четврата победа во унгарскиот шампионат.

Будакалаш, чиј тренер е поранешниот унгарски селектор Иштван Чокнаи, славеше против Кечкемет со 30-29.

Дел од заслугите за новите бодови на Будакалаш одат на адреса на Ѓорѓески, кој успеа да одбрани десет од 25 упатени удари на ривалот за 36 минути на теренот.

Будакалаш со овој триумф се најде веднаш за ПИК Сегед, Веспрем и Балатонфуреди на четвртото место на табелата со десет бода.