Ѓоргиевски уште две години во Бутел Скопје

Средниот бек Димитар Ѓоргиевски го продолжи договорот со тимот на Бутел Скопје за уште две сезони.

Ѓоргиевски игра во одлична форма оваа сезона и верува дека уште повеќе ќе напредува во овој клуб.

„Решив да го продолжам договорот со Бутел Скопје. Сметам дека тоа е вистинската средина за мене, бидејќи станува збор за амбициозен клуб и мислам дека можам да напредувам уште повеќе“, изјави Ѓоргиевски по потпишувањето на новиот договор.

Оваа сезона за Ѓоргиевски е шеста во дресот на Бутел Скопје и во 2025 година ќе комплетира осум сезони.

Бутел Скопје на три кола до крајот е во игра за место во европските купови, а ќе игра на домашен терен против Алкалоид и Охрид, како и на гостински терен кај Пролет.