Штрлек: Одлуката да не играм за репрезентацијата е само моја!

Селекцијата на Хрватска обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, иако до крајот на главната рунда има уште две кола. Лино Червар на овој собир не смета на левото крило Мануел Штрлек, но одлуката да не игра на континенталниот собир е на ракометарот, а не на селекторот.

„Да бев на ЕП, сигурно немаше толку да се пишува за мене. Сакам уште еднаш да нагласам дека одлуката да не играм за репрезентацијата е исклучиво моја. И ова што се случува навистина нема смисла и жал ми е што се отиде во погрешен правец. Сакам да престане таа негативна кампања бидејќи нема врска со вистинската ситуација. Ќе повторам – тоа беше моја одлука, се друго се приказни кои ми се подметнуваат мене и на репрезентацијата. Не реков дека веќе никогаш нема да играм, туку дека сега не можам да игра од приватни причини. Не сум лут на никого, ниту на селекторот, ниту на соиграчите, ниту на Сојузот – тоа треба да биде јасно“, изјави Штрлек.

Сепак и без Штрлек, на Хрватска добро и оди на ЕП, а на неговата позиција главната улога сега ја има Давид Мандиќ.