Што прави Тимур Дибиров во карантин – тренинг со мачка, куче и руска ТВ (ВИДЕО)

Спортот е во пауза насекаде низ Европа и светот, па спортистите, кои се навикнати да бидат секогаш во салите и на терените, мораат да бидат во карантин и да ги почитуваат препораките од властите во борбата против коронавирусот.

Освен индивидуалните тренинзите, времето најчесто се минува со гледање филмови и серии, читање книги…

Заедно со домашните миленици, како и со руска телевизија во позадина, левото крило на Вардар Тимур Дибиров, се обидува да ја одржува формата.

Натпреварите на Вардар против Нексе и ПИК Сегед во СЕХА и ЛШ се одложени на неодредено, исто како и дуелите од Суперлигата, па Толедо ќе има време за уште многу сложувалки во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

10 day of quarantine #stayathome

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) on