Што прави Жозе Толедо во карантин – склопува сложувалка од 1.000 делови! (ВИДЕО)

Спортот е во пауза насекаде низ Европа и светот, па спортистите, кои се навикнати да бидат секогаш во салите и на терените, мораат да бидат во карантин и да ги почитуваат препораките од властите во борбата против коронавирусот.

Освен тренинзите, времето најчесто се минува со гледање филмови и серии, читање книги, а бразилскиот десен бек од Вардар – Жозе Толедо, има интересна занимација.

Заедно со неговата девојка Лариса Араухо, ракометарка на романскиот Клуж, која во моментов е во Скопје, Толедо склопува сложувалка од 1.000 делови.

Натпреварите на Вардар против Нексе и ПИК Сегед во СЕХА и ЛШ се одложени на неодредено, исто како и дуелите од Суперлигата, па Толедо ќе има време за уште многу сложувалки во Скопје.