Штериова за 24Ракомет ТВ: Сфатив дека не можам без ракомет (ВИДЕО)

Една од најдобрите македонски интернационалки во последните неколку сезони е левиот бек Марија Штериова.

Некогашниот голем талент на Еуростандард ЃП и Кометал ЃП, имаше повеќе интернационални предизвици, но се чини дека се пронајде себе си во романскиот шампионат. Минатата година беше дел од Баја Маре, а сега ќе игра за Глорија Бузау.

Лани се повлече од националниот тим, но на првиот собир во новата сезона повторно е на списокот на Симе Симовски.

„Јас сум личност која ако не се чувствува добро во екипа или во националниот тим, сакам да се повлечам и да се смирам. Некои луѓе ме поддржаа, некои не. Месец дена по тој собир лани размислував дали да се вратам или не. Овојпат се вратив поради директорот Левче Китевски, кој ми вети многу промени во националниот тим, иако за неколку дена тоа не може да го видиме. Сепак неговото доаѓање во репрезентацијата се почувствува“, вели Штериова за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава може да ја погледнете во видео прилогот…