„Штадхале“ распродадена: Македонија ќе игра пред полни трибини во Виена!

Ракометните фанови ширум Европа мораат да побрзаат за да си обезбедат место на натпреварите од Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Шампионатот започнува за два дена, а земјите домаќини информираат дека билетите се речиси распродадени.

За натпреварите во Австрија и мечевите кои се играат во Виена, за прелиминарната фаза и за главната фаза речиси се продадени сите билети. Додека за дуелите во Грац има уште ограничен број места за мечот Србија – Хрватска.

Швеѓаните објавија дека за првите два дена во Гетеборг каде што игра Шведска се распродадени сите билети, додека за третиот има уште една третина од арената. Во Малме има повеќе слободни билети, каде што првиот ден е речиси расподаден а останатите два се продаваат со забрзано темпо.

Исто така и во Норвешка продажбата на билети се одвива забрзано, а за натпреварите на домаќинот, Шпанија и Франција нема повеќе слободни места. За останатите натпревари сеуште може да се најде билет.