Шпрем: Вујовиќ беше најдобар ракометар на светот, ама како тренер е нула!

Некогашниот хрватски репрезентативец Горан Шпрем, зборуваше за идеалното решение за селектор на селекцијата на „коцкестите“, кога ќе замине Лино Червар.

Шпрем смета дека Веселин Вујовиќ е само маргинален лик во хрватскиот ракомет и не заслужува никаква шанса.

„Вујовиќ беше најдобар ракометар во светот и секоја чест за тоа. Но, немам што да зборувам за неговите тренерски квалитети. Мое мислење е да е тој маргинален лик во хрватскиот ракомет, иако имаше разни улоги кај нас. Не ги заслужи шансите што ги доби и мислам дека неговите тренерски квалитети се еднакви на нула“, изјави Шпрем.

Поранешното лево крило вели дека предводникот на Еурофарм Пелистер е одличен стратег.

„Лино Червар и Жељко Бабиќ се одлични тренери, а Хрватска има многу други добри стручњаци. Секој нешто свое направил и му дал на ракометот. Едноставно, најдобар тренер е тој кој прави резултат“, заврши Шпрем.

Шпрем одигра 109 меча за хрватската репрезентација, а низ кариерата играше за Загреб, Фленсбург, Мелсунген, Нордхорн и Гумерсбах.