Шпанија со искусен тим ќе го брани европското злато, но без спасителот Штербик (ФОТО)

Репрезнетацијата на Шпанија го брани златото од последното Европското првенство во Хрватска, а селекторот Жорди Рибера го објави списокот со кој ќе се обиде да ја одбрани титулата.

Пред две години Арпад Штербик беше дополнително повикан да помогне на репрезентацијата и беше најзаслужниот за освојување на златниот медал. И овој пат во не е на листата на патници на Европското првенство.

Шпанците ќе бидат предводени од капитенот Раул Ентрериос, а тука се и искусните Жоан Кањелјас, Хулен Агинагалде, Гедеон Гвардиола. Најмлад во составот ќе биде Даниел Душебаев со 22 години. Во споредба со Мундијалот во Германија, го нема левото крило Валеро Ривера.