Шок и неверување: Ракометните пријатели се поздравуваат за последен пат со Јуле (ФОТО)

Ракометната јавност и сите вљубеници во овој спорт денеска ги дочека вест во која никој не сака да поверува во информацијата дека почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Ѓорче Петров и Вардар, Јулија Николиќ (Портјанко).

Денеска сите нејзини колешки, соиграчки, пријателки… се простуваат за последен пат на социјалните мрежи.

Ова беше голем шок и уште една потресувачка вест за заминување на добро познато име во македонскиот ракомет.