Шмид брилјираше за прв триумф на Швајцарија, Португалија не дозволи изненадување со БиХ

Репрезентацијата на Португалија ја оствари и втората победа на Европското првенство откако во второт коло од групата Д ја совлада Босна и Херцеговина со 27:24.

Босанците добро се држеа во поголемиот дел од натпреварот, но не успеаја до крај во обидите да стигна до првата победа на шампионатот. По првиот дел Португалија имаше минимална предност од 12:11.

Во продолжението добро започна БиХ со два последователни гола го презема водството но тоа беше многу кратко. Португалците ја вратија позитивата во своја полза и до крај немаа проблеми да ја задржат.

Во екипата на Португалија најефикасен беше Портела со десет погодоци, а во составот на БиХ најмногу се истакна Прце со пет гола.

Швајцарија по поразот во првото коло од Шведска успеа да се соземе и да слави на вториот меч против Полска со 31:24.

Предводени од фантастичниот Енди Шмид кој со 15 погодоци беше незапирлив, ракометарите на Швајцарија стигнаа до убедлива победа. Полска на полувреме имаше само два негатива, 12:14 но во продолжението беа потполно надиграни и во финишот забележаа висок пораз.

Убедливо најдобар на теренот беше Шмид, додека во составот на Полска најефикасен беше Сичко со пет гола.