Шведска го потврди пласманот во главната фаза, Норвешка пренесе два бода

Скандинавските ко-домаќини на Европското првенство остварија победи и се пласираа во главната фаза. Норвешка беше подобра од Португалија со 34:28, а Шведска со многу мака ја совлада Полска со 28:26.

Норвешка одигра сигурен натпревар против изненадувањето Португалија и го обезбеди првото место во групата со три победи. По првиот дел Норвежаните водеа 16:14, а во продолжението не дозволија противникот да се доближи и да направи ново изненадување. Со оваа победа Норвежаните практично и пренесоа два бода во вториот круг.

Најефикасен во составот на Норвешка беше Јондал со седум гола, а Род и Јоханесен постигнаа по шест. За Португалија, Родригес стрелаше петпати, а Соарес четирипати.

Шведска имаше доста проблеми да стигне до потребната победа за втор круг против Полска. Во првиот дел Полјаците имаа и три предност, но до одморот Шведска успеа да го сврти резултатот во своја корист. По 30 минути беше 14:13 за домаќинот.

Неизвесноста траеше до 20:20, од тогаш Швеѓаните направија добра серија со која се одлепија на плус пет што беше доволно за конечна победа и пласман во главната фаза каде што ќе одат со нула бодови.

Прв стрелец во Полска беше Сичко со осум голови, додека во екипата на Шведска четири играчи постигнаа по пет гола, Готфритсотн, Екдал Ду Риц, Нилсон и Петерсон.