Шампион со полн плен се враќа од кај Спартак

Тимот на Шампион славеше на гостувањето кај Шампион со 26-33 во натпревар од 13 коло во плеј-аутот од Женската лига.

Гостинките отворија со водство од 3-7, но Спартак со серија од четири гола стигна до реми, 7-7. Беше и 10-10, повторно ракометарките на Слободан Чивлачки со три погодоци поведоа со 10-13, а таа предност ја задржаа до паузата, 15-18.

Во вториот дел Шампион доминираше на теренот и без поголеми проблеми успеа да го приведе натпреварот до крај и да забележи висока победа.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Сара Трајков, Ангела Петровска и Нина Неделковска со по шест погодоци, додека Ангела Гроздановска стрелаше 11 пати за Спартак.