Шампион победнички против Астраион

Екипата на Шампион на свој терен триумфираше против Астраион од Струмица со 27:24 (11:12) и со победа ја заврши сезоната во прволигашката конкуренција.

Овој натпревар немаше резултатско значење, бидејќи двете екипи се наоѓаат во долниот дел на табелата во прволигашкиот плеј-оф.

Победничката екипа беше предводена од Давид Богоевски и Стефан Огненовски. Богоевски постигна седум погодоци, додека Огненовски имаше пет реализации во мрежата на гостинот од Струмица.

Кај поразениот табор најефикасен беше Васе Наков со девет погодоци, кои не беа доволни за поволен резултат на неговиот тим.