Шампионот се оддалечи на врвот: Куманово лесно се справи со Деспина

Лидерот во плеј-оф групата во Женската лига, Куманово, пред своите навивачи запиша сигурни бодови против Деспина откако во натпревар од 7. коло прослави убедлив триумф од 38:27. Куманово со новата победа се оддалечи од второпласираниот Ѓорче Петров на пет бода разлика.

Прилепчанки пружија отпор само во првите десетина минути, додека во останатиот дел, ракометарките на Куманово со доминантна игра стигнаа до убедливата победа, со која останаа на лидерското место во плеј-оф фазата. При резултатот од 6:5, домаќинките направија серија од 4:0 за 10:5 и тука беше јасно дека гостинките од Прилеп ќе имаат тешка задача за рамноправност во овој дуел.

Деспина на моменти покажуваше добра екипа, но при крајот на првото полувреме заостануваше на резултатска негатива од четири гола, 14:10. Кипријановска, Граматова и Џакмиќ беа предводнички во првиот дел кај домашниот табор. Трите споменати ракометарки ги постигнаа речиси сите гола за Куманово во првото полувреме, кое заврши со резултат 17:11 за домаќинките.

Кумановки со серија од три гола на стартот на второто полувреме се одлепија на 20:11. Домашната екипа во 40. минута имаше предност од 24:17. Во последните дваесетина минути растеше предноста на домашниот тим, кој на моменти водеше со 13 и 14 гола разлика. Во последниот период, Деспина искористи дел од падот на Куманово и успеа само да го ублажи поразот.

Најефикасни во Куманово со по шест погодоци беа Тамара Ивановска и Јована Кипријановска. Кај Деспина во солидно светло се покажаа Ангела Камческа со девет и Сања Цветкоска со осум гола.

Во следното коло, Куманово ќе гостува во Автокоманда кај Металург, додека екипата на Деспина на свој терен ќе ја пречека Стружанка.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124