Чешка падна на првиот испит пред ЕП

Еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, ќе биде селекцијата на Чешка.

Избраниците на Јан Филип и Даниел Кубеш денеска го одиграа првиот контролен натпревар, но без играчите кои настапуваат во Германија – Бечвар, Бабак, Хорак, Мрква, Петровски…

Чешка загуби од Словачка со 24-21, поради лошата игра во второто полувреме. Во првиот дел нашиот ривал на ЕП, беше во егал.

Овие две селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар во текот на денешниот ден, а генералката пред ЕП, Чешка ќе ја има против Унгарија во Ѓер на 3 јануари.