Чешка го издржа притисокот од Украина, оди во втор круг

Селекцијата на Чешка се соочи со силен притисок против составот на Украина, но успеа да издржи, па на крајот дојде до победа од … со што го освои второто место и се најде во следната рунда од Европското првенство.

Украинците беа добар ривал во текот на целата средба, но главно во првиот дел од натпреварот задаваа проблеми за противникот. Дури во првото полувреме Украина беше и во предност и имаше водство од 10:9. Практично постојано имаше предност, па тоа беше крунисано со предност на одмор.

Сепак, на почетокот на второто полувреме Чесите почнаа полека да преземаат контрола. Искуството дојде до израз и немаше поголеми проблеми за да се зголемува водството. Неколку лесни погодоци, добро одиграна одбрана овозможија Чешка да се избори за предност која до крајот на средбата беше достигата и до пет гола, но на крајот победата беше со 23:19.

Со овој резултат Чешка се избори за втор круг на Европското првенство, а воедно со ваквиот епилог Македонија остана трета во групата Б и ова би требало да значи место во вториот бараж за Светското првенство, но ќе мора да се почека за официјализирање на овој податок.

[soliloquy id=”121421″]

Најефикасен играч во победничкиот состав беше Бабак со шест гола, додека Мубензем реализираше четирипати. Кај поразените Арцем Козакевич со четири погодоци беше пред другите. Голманот Мартин Галија запре десет топки на Украинците, додека Комок имаше шест интервенции.