Четири пати ги победи Еурофарм Пелистер 2 и Бутел, па си заработи договор до 2025 година

Исландскиот тренер на Алпла Хард, Хан Јон Јонсон, по пласманот на тимот во групната фаза во Лигата на Европа, доби „награда“ од раководството.

Договорот на 42-годишниот стратег истекуваше на крајот на летото 2023 година, но тој беше продолжен за уште две сезони, односно до 2025 година.

Управата на австрискиот клуб играше две квалификациски кола во Лигата на Европа и со четири победи ги елиминираше македонските претставници Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје.

Алпла Хард по ждрепката за ЛЕ ќе игра во групата Ц заедно со Скјерн, Балатонфуреди, Гранољерс, Нексе и Спортинг Лисабон.