Четири екипи во борба за титула – Куманово, Металург, Овче Поле СУ и Деспина на Ф4

Викендов се одиграа натпреварите по групи во младинската лига во женска конкуренција.

Беа пријавени 13 екипи, кои беа поделени во четири групи (три со по три екипи и една со четири).

Натпреварите се играа турнирски по региони, играше секој со секого, а четирите првопласирани од сите групи обезбедија место на завршниот турнир што ќе се игра на 16 јуни во Куманово.

Од групата А на Ф4 оди Металург, кој имаше подобра гол разлика од Вардар, а нивниот меѓусебен дуел заврши реми. Од групата Б, Куманово имаше три победи над ривалите, додека од групата В и Г, пласман на завршниот турнир обезбедија Овче Поле СУ и Деспина, кои прославија по две убедливи победи над противниците.

Ф4 турнир, 16 јуни, распоред на натпревари:

11:00, Куманово – Овче Поле СУ
13:00, Металург – Деспина
17:00, меч за трето место
19:00, финале

Регуларен дел, резултати:

група А: Металург, Шампион, Вардар

Металург – Шампион 30-20
Шампион – Вардар 22-26
Металург – Вардар 16-16

група Б: Ѓорче Петров, Куманово, Спартак, Кузман Вардар

Ѓорче Петров – Куманово 21-26
Спартак – Кузман Вардар 38-17
Спартак – Ѓорче Петров 31-26
Куманово – Кузман Вардар 25-16
Ѓорче Петров – Кузман Вардар 33-27
Спартак – Куманово 24-26

група В: Овче Поле СУ, Брегалница Делчево, Струма

Овче Поле СУ – Брегалница Делчево 29-13
Брегалница Делчево – Струма 22-35
Овче Поле СУ – Струма 40-12

група Г: Пелистер, Лихнид, Деспина

Пелистер – Деспина 22-31
Деспина – Лихнид 24-9
Пелистер – Лихнид 28-15