Чесите се заканија пред ЕП, Украинците продолжија да губат

Две од репрезентациите противници на Македонија денеска одиграа контролни натпревари, а имаа различно постигнување на теренот.

Украина која е прв ривал за Македонија на шампионатот забележа нов пораз. Овој пат го загуби дуелот против Тунис со 32:34 со што покажа нова слабост.

Чешка после вчерашниот пораз денеска се врати во ритам и успеа да дојде до голем триумф над Унгарија со што се избори за победнички влез на Европското првенство.

Другите резултати од денешните пријателски натпревари можете да ги видите во продолжение.

ПРИЈАТЕЛСКИ СРЕДБИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛСКА – ПОРТУГАЛИЈА            27:34 (16:18)

УНГАРИЈА – ЧЕШКА       22:31 (13:17)

ШПАНИЈА – РУСИЈА      32:24 (15:9)

УКРАИНА – ТУНИС         32:34 (15:18)

НОРВЕШКА – СРБИЈА   38:28 (16:16)

ШВАЈЦАРИЈА – ХОЛАНДИЈА    31:27 (16:13)

ХРВАТСКА – КАТАР        33:28 (15:17)

ФРАНЦИЈА – ДАНСКА  30:31 (14:17)

ШВЕДСКА – ЕГИПЕТ       28:27 (14:16)

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА     25:24 (12:13)