Червар одбра за ЕП: Можат ли Циндриќ, Карачиќ и Дувњак да ја однесат Хрватска до медал?

Репрезентацијата на Хрватска го заврши вториот дел од подготовките и од првиот ден во новата година комплетни влегоа во третата фаза пред Европското првенство. Во последните подготвителни денови Хрватска ќе одиграт две пријателски средби со Катар и БиХ.

На подготовките во Пореч, Хрватска имаше мал пех откако штотуку објавениот конечен список Лино Червар веднаш мораше да го менува. Матеј Хрстиќ и Лука Шебетиќ се пожалија на полесни повреди, но после деталните прегледи се покажа дека Шебетиќ ќе мора на операција на рамото и ќе го пропушти ЕП.

На негово место Червар веднаш го повика младиот 21 годишен Јосип Векиќ од Загреб. Хрватска на почетокот на Европското првенство игра против Црна Гора.

Играта на Хрватска најмногу ќе зависи од триото Карачиќ, Дувњак и Циндриќ, кои исто така имаат ситни повреди, па ќе видиме колку ќе можат да помогнат „коцкестите“ да стигнат до медал на ЕП.

Список на Хрватска за ЕП:

Голмани
Марин Шего (Монпелје)
Матеј Ашанин (Загреб)

Десни крила
Златко Хорват (Загреб)
Владо Матановиќ (Горење)

Леви крила
Давид Мандиќ (Загреб)
Валентино Равниќ (Загреб)

Пикери
Жељко Муса (Магдебург)
Марино Мариќ (Мелсунген)
Марин Шипиќ (Загреб)

Леви бекови
Домагој Дувњак (Кил)
Марко Мамиќ (Лајпциг)
Јосип Шарац (Целје)
Матеј Хрстиќ (Загреб)

Средни бекови
Лука Циндриќ (Барселона)
Игор Карачиќ (Виве Кјелце)

Десни бекови
Лука Степанчиќ (ПИК Сегед)
Јосип Векиќ (ППД Загреб)
Иван Мартиновиќ (Хановер)