Червар: На полувреме им кажав дека не прифаќам пораз

Селекторот на Хрватска, Лино Червар после средбата против Германија има причина да биде задоволен. Успеа со своите ракометари да се избори за ново полуфинале така што сега може полека да готви тактика за натпреварите во Шведска.

Тој после победата над Германија коментираше што се случило на полувреме и што им рекол на ракометарите.

„На полувреме им реков на ракометарите дека не прифаќам пораз и дека можеме да загубиме само ако се откажеме. Цел натпревар бевме во негатива и бркавме резултат. Тие одиграа остро, ние ги губевме нервите. Сепак, кога беше најпотребно одигравме одлично“, коментираше Червар после натпреварот против Германија.

Хрватите ќе сменат уште еден град со оглед на тоа што натпреварувањето го почнаа во Грац, го продолжија во Виена, па сега е јасно дека завршните средби ќе ги имаат во Шведска.

„Во Грац реков дека ја одработевме само првата задача. Сега ја исполнивме и втората, па ни следува третата задача. Одиме во Шведска да покажеме дека можеме. Треба да оставиме малку простор за да се прослави. Две кола пред крајот на вториот круг сме во полуфинале“, изјави селекторот на Хрватите.

Останува сега Хрватска да се обиде да дојде и до првото место во групата, но ќе биде доста тешко бидејќи и Шпанија игра во одлична форма. В понеделник, сепак, прво ќе треба да се одигра дуел против селекцијата на Чешка, а потоа во среда е главниот натпревар против Шпанците кои се актуелни европски шампиони.