Чаневски со фантастична партија, Макаби Ришон со прв чекор до титулата во Израел!

Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани Градимир Чаневски, поведе со 1-0 во финалето на израелскиот шампионат.

Макаби Ришон на домашен терен славеше против актуелниот шампион Хапоел Ашдод со 32-29.

Македонскиот чувар на мрежата имаше фантастична партија и забележа 15 одбрани на првиот натпревар од финалната серија.

Вториот дуел меѓу Макаби Ришон Ле Зион се игра на 29 мај на теренот во Ашдод, додека третиот меч ќе се игра на 2 јуни.