Чаневски блеска во Израел, го однесе Макаби Ришон во битка за титула!

Македонскиот голман Градимир Чаневски продолжува со одличните партии во шампионатот на Израел.

Тој беше меѓу клучните поединци во полуфиналната серија која Макаби Ришон Ле Зион ја доби против Рамат Хашарон со 3-1.

На последниот натпревар Макаби Ришон Ле Зион го доби Рамат Хашарон со 32-30, а Чаневски имаше 13 одбрани.

Ривал на Макаби Ришон Ле Зион во битката за титулата во Израел ќе биде тимот на Хапоел Ашдод, а финалната серија стартува следната среда.