Чаир се мачеше против Спартак, но стигна до бодовите

Ракометарките на Чаир стигнаа до тешка победа на гостувањето кај Спартак во 22. коло од Женската лига и славеа победа од 31:28 за зачувување на 4. позиција на табелата.

Чаир имаше силен старт на натпреварот, отвори со 1:5, но предноста брзо ја загуби. Во следните минути Спартак имаше добар период и успеа да ја намали негативата. До крајот на полувремето домашниот тим целосно се врати во игра и стигна до нерешени, 14:14.

Во второто полувреме се играше максимално израмнето, Спартак дури успеа и да поведе со 24:23. До крај на мечот Чаир не дозволи изненадување, направи пресврт и освои тешки бодови.

Марија Николовска со осум гола беше најефикасна во тимот на Чаир, а Ана Марија Божиновска постигна седум. Во составот на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со осум гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167