Со победата на Чаир над Деспина без пораз после четири одиграни кола останаа само три екипи од Супер женската лига.
Оттаму после четири кола Металург, Куманово и Вардар се составите кои може да се пофалат дека се на максимум.
Во 4. коло сите имаа убедливи победи така што без поголеми проблеми дојдоа до триумф. Затоа беше интересно во Прилеп, каде Деспина и Чаир одиграа интересна средба и се надигруваа за секој гол.
На крајот, сепак, со бодовите си заминаа ракометарките на Чаир кои се враќаат во ланскиот ритам.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО
МЕТАЛУРГ – ШАМПИОН 51:18 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 2012 39:17 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУЖАНКА – ГЕВГЕЛИЈА 25:25 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 49:18 (ИЗВЕШТАЈ)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – СПАРТАК 22:36 (ИЗВЕШТАЈ)
ДЕСПИНА – ЧАИР 23:24 (ИЗВЕШТАЈ)
КУЗМАН ВАРДАР беше слободен
СЛЕДНО, 5. КОЛО (09.10.2020)
ЧАИР – ВАРДАР
ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
КУЗМАН ВАРДАР – МЕТАЛУРГ
ШАМПИОН – КУМАНОВО
СПАРТАК – СТРУЖАНКА
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ДЕСПИНА
ГЕВГЕЛИЈА е слободна