Чаир не дозволи изненадување и освои цел плен против Пелистер

Ракометарките на Чаир не дозволија изненадување во 5. коло од плеј-офот во Женската лига и на домашен терен ја совладаа екипата на Пелистер со минимални 32:31 иако во текот на целиот натпревар има сигурно водство.

Почетните петнаесетина минути Пелистер успеваше да парира, но следуваше серија на Чаир од шест гола и водство од 15:9. Оваа предност на домашните ракометарки им овозможи помирна игра и на полувремето заминаа со преднсот од 18:14.

Во продолжението ракометарките на Чаир без поголеми проблеми ја чуваа стекантата предност од првото полувреме и сигурно го водеа натпреварот кон победа. Во финишот Пелистер успеа да го ублажи поразот, но немаше сили за изненадување.

Најефикасна во победата на Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска со седум гола, шест постигна Биљана Дамческа, а пет Леонора Рахмани. Во составот на Пелистер се истакна Моника Босиловска со седум гола, додека Марија Јанкулоска постигна шест погодоци.