Чаир не дозволи изненадување, го совлада и Овче Поле СУ

Ракометарките на Чаир не дозволија изненадување и на домашен терен остварија сигурна победа против екипата на Овче Поле СУ со 36:28.

Почетните минути им припаднаа на гостинските ракометарки од Свети Николе, кои поведоа со 3:1 и 5:3, а водството го одржуваа сè до 11:11. Чаир првпат дојде до предност кога поведе со 12:11 и до крајот на првиот дел обезбеди позитива од 15:13.

Отпорот на гостинската екипа беше целосно скршен во продолжението. Уште на стартот на второто полувреме домашните почнаа да ја зголемуваат предноста, се одлепија на пет гола предност и до крајот немаа проблеми да обезбедат нови бодови.

Најефикасна во составот на Чаир беше Анастасија Николовска со десет погодоци, а Ана Марија Божиновска постигна седум. Во составот на Овче Поле СУ најмногу се истакна Елена Вучевска со 11 погодоци.

ЧАИР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 36:28 (15:13)

Сала: ОУ 7-ми Март во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ЧАИР: Мисовска, Динарица 4, Божиновска 7, Бакиќ 5, Рахмани 3, Рамуко, Сали, Мартиновска 1, Шерифи, Реџеп 3, Кицеска, Ѓуриќ, Костадиновска 3, Николовска 10.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 4 мин.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска, Јовановска 2, Стоилова 1, Вучевска 11, Сентовска 1, Манева 3, Конева 2, Велковска 2, Костова 6, Стојанова, Мицевска, Ташкова.

Седмерци: 1/3. Исклучувања: 8 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ18171052
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА18151246
3ЧАИР18151246
4КУМАНОВО18150345
5ВАРДАР18131440
6ПЕЛИСТЕР 20121991928
7СТРУЖАНКА1881925
8СКОПЈЕ18711022
9ДЕСПИНА18611119
10ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.18431115
11СПАРТАК18501315
12АСТИБО18401412
13ШАМПИОН1921167